Да се знае кој е кој: Е. Пелистер без многу мака со “помалиот брат“! (ФОТО)

111

Четири од четири за Е. Пелистер во плеј – офот во нашата елитна ракометна лига сезонава. Попладнево во Битола, момците на стратегот Жељко Бабиќ убедливо го совладаа Е. Пелистер-2 со 39-18 (19-10). Ова беше рутинска победа на лидерот на табелата кој не му дозволи на “помалиот брат“ ниту да се понадева дека може да дојде до изненадување.

Имено уште на почетокот Е. Пелистер поведе, покажа дека овој меч има намера и тоа како да го добие, брзо дојде до водство од 6-1. На полувреме се замина со резултат 19-10. Во продолжението од средбата разликата само се зголемуваше, а на моменти се чинеше дека ова е само шутерски тренинг за поискусниот тим.

Инаку кај победничкиот состав најдобри стрелци беа Радовиќ со седум, а Божиќ-Павлетиќ постигна шест голови. Додека ја поразениот состав прв стрелец беше Талевски со четири погодици.

No description available.

No description available.

ПретходноРК Бутел се прости од својот Денис Тот: Ќе те паметиме засекогаш!
СледноТренер на Рома физички го нападнал тренерот на Бодо/Глимт!