Некогашниот младински уругвајски репрезентативец Никола Шипакасе е осуден во Монтевидео на 14 месеци затвор поради нелегално поседување на оружје. Напаѓачот кој некогаш важеше за голема надеж на уругвајскиот фудбал на само 23 години ќе мора да оди зад решетки.
Во јануари во неговиот автомобил во рутинска полициска контрола бил пронајден пиштол кој го поседувал нелегално, а на сослушувањето рекол дека тој пиштол го носи на навивачот на својот тогашен клуб Пењарол пред мечот со Насионал. Тогаш бил уапсен и веќе одлежал два и пол месеци затворска казна.
Уште шест месеци ќе биде зад решетки, а остатокот на казната ќе ја помине во куќен притвор. Тоа олеснување на казната го добил бидејќи соработувал во истрагата и ја признал вината.
Инаку Шипакасе во 2016 година бил и во Атлетико Мадрид и играл за Б тимот, потоа бил позајмуван во Парма и Фамаликао, а во Пењарол пристигнал како позајмен играч на Сасуоло.
За У20 селекцијата на Уругвај постигнал 21 гол во 47 настапи, но не заиграл за сениорскиот тим.