Женскиот национален тим прими десет гола од фаворитот Англија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

368

Женската фудбалска репрезентација на Македонија вечерва на арената „Тодор Проески“ доживеа убедлив пораз од големиот фаворит Англија со 0:10 во квалификациите за Светското првенство. Ова е меч од седмото коло во групата Д, а Англија ја запиша седмата победа и е убедливо прва на табелата.

Фудбалерката на Арсенал Бетани Мед постигна четири гола, хет-трик реализира напаѓачот на Манчестер Јунајтед Ела Тун. Два гола постигна Станвеј, а еден Елен Вајт.
Македонија е петта со една победа и шест порази. Победата е против Летонија со 4:1.
Следниот меч на Македонија е против Луксембург во гости на 12 април, а во септември се преостанатите два меча против Летонија во Скопје и против Австрија во гости.

ЗА МАКЕДОНИЈА ИГРАА: Панчурова, Бошеска, Петровска, Николовска, Јошевска, Велкова, Јаковска, Мустафа, Наташа Андонова, Максути, Рочи.
ИГРАА УШТЕ: Шемсовиќ, Салихи, Стојковска, Марковска и Петрушевска.

ПретходноРепрезентативецот Даци со десетти погодок за Вестерло во Про лигата
СледноЕкс-играч на Атлетико осуден на затворска казна