Клубовите се простуваат од Тот, се огласи и неговото семејство

931

Голема, огромна тага во спортскиот свет денеска, откако почина досегашниот играч на РК Бутел, интернационалецот од Хрватска Денис Тот. По хоспитализацијата синоќа на скопските клиники Тот денеска почина по неколкучасовна лекарска битка за неговиот живот.

Голем број на клубови се простуваат од ракометарот како во Хрватска но и кај нас, а се огласи и неговото семејство.

„Веќе никогаш ништо нема да биде исто“ – напиша неговиот брат на социјалните мрежи.

 

ПретходноОдбиена жалбата на Фрајбург, победата на Баерн останува
СледноМилан почнува преговори за Асенсио