Ракометарот на РК Бутел, хрватскиот интернационалец Денис Тот синоќа на клиниките во Скопје, бил донесе во бессознание, но и без траги на насилство на него. Ова го вели официјално Министерството за Внатрешни Работи, кое излезе со кратка информација во која се вели дека ракометарот бил примен доцна синоќа и дека бил во тешка здравствена состојба.
„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вчера (07.04.2022) во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и за тоа соодветно ќе ја известиме јавноста, -порачаа од МВР.
Јавноста шпекулира со премногу информации од синоќа наваму, но ете во моментов официјалната е единствено оваа од МВР, како и изјавата на директорката на КАРИЛ, Маја Мојсова, која за „Фокус“ исто така потврди дека врз телото на Тот немало траги на насилство, и дека неговата состојба во моментов е критична.