Стјуардите на Австралиското ГП во Ф1 ќе го испитаат однесувањето на германскиот возач на Астон Мартин, Себастијан Фетел, по првиот петочен тренинг на „Алберт Парк“ и ќе донесат одлука за евентуална казна.
Имено, болидот на Фетел застана на патеката поради проблеми со моторот, по што некогашниот светски шампион го изгледа остатокот од сесијата од страната на пистата. Потоа, Фетел земал нечиј скутер, се качил на него и тргнал да го вози по пистата, за да стигне до боксот. Стјуардите тврдат дека Фетел излегол на патеката без да добие дозвола од управата на трката.
Покрај Фетел, уште четворица возачи беа повикани кај стјуардите на испрашување.
Sebastian Vettel’s first lap in the AMR22 pic.twitter.com/XLfwk3r1WO
— F1 To Rule Them All (@F1RulesMedia) April 8, 2022