Одбиена жалбата на Фрајбург, победата на Баерн останува

59

Она што се претпоставуваше дека ќе се случи, денеска доби само официјализација. Жалбата на тимот на Фрајбург е одбиена и победата на Баерн Минхен од 4:1, сега е и потврдена.

Истата беше основана на моментот што во 74. минута од мечот, поради кардинална колективна грешка, тимот на Баерн 17. секунди на терен  беше со 12 играчи. Сепак, според официјалните лица, таа ситуација воопшто не влијаела на играта, уште помалку на резултатот што значи дека победата на Баерн е несоборлива.

Викендов Баерн го дочекува Аугзбург, додека Фрајбург е на тешко гостување кај Ајнтрахт.

 

 

ПретходноКлоп: Ова е еден од најголемите предизвици, а Сити нема слабости (ВИДЕО)
СледноКлубовите се простуваат од Тот, се огласи и неговото семејство