Македонската одбојкарска репрезентација ќе биде дел од Медитеранските Игри 2022 кои ова лето ќе се одржат во алжирскиот град Оран. Како што потврдија од Одбојкарската федерација на Македонија, постигнат е договор со Македонскиот олимписки комитет, и нашата најдобра селекција ќе ја преставува нашата земја на годинешното издание на овој голем спортски настан.
„Се договоривме со МОК, нашата репрезентација ќе игра на Медитеранските Игри во Оран. Тоа ќе биде добра подготовка за момците пред европското првенство следната година. И онака оваа година освен Европската сребрена лига немаме други репрезентативни обврски“, вели генералниот секретар на ОФМ, Зоран Карановиќ.
Медитеранските Игри 2022 се на програмата од 22 јуни до 5 јули оваа година.