Почнува Ф4 турнирот од Купот: Струмица голем фаворит за осмиот куп-трофеј

79

Со полуфиналните натпревари во машка конкуренција, денеска во салата „Jасмин“ во Кавадарци ќе започне завршниот Ф4 турнир од одбојкарскиот Куп на Македонија.

Третопласираниот тим во домашниот шампионат, екипата на Вардар во првото денешно полуфинале ќе игра против ланскиот финалист Универзитет во Тетово, додека Шкендија, која го крена пехарот во 2011, а годинава е втора на табелата во шампионатот, ќе се сретне со бранителот на двојната круна Струмица 47&72.

Најуспешниот тим кај нас, Струмица 47&72, се надева на осмиот куп-трофеј и како голем фаворит влегува во овие завршни борби.

Македонски одбојкарски куп (мажи), полуфинале

ДЕНЕСКА:

16.00 Вардар – Универзитет во Тетово

19.00 Шкендија– Струмица 47&72

ПретходноБарса и на Араухо во новиот договор му стави клаузула од 1 милијарда евра!
СледноВрв на навивачко лудило: Фановите на Олимпик (М) и ПАОК се гаѓаа со огномет (ВИДЕО)