„Резервистот“ Брант со два гола донесе победа на Борусија над Штутгарт (видео)

74

Борусија Дортмунд го совлада Штутгарт со 2:0 на „Мерцедес бенз“ арената во рамките на 29. коло на Бундес лигата. „Милионерите“ дојдоа до победата благодарение на „резервистот“ Јулијан Брант. Тој влезе во игра во 6. минута на местото на повредениот Реина и шест минути подоцна погоди за водство на својот тим на асистенција на Халанд.
Во второто полувреме напаѓачот постигна уште еден гол и ја потврди 19. победа на Дортмунд сезонава со што е втор на табелата со 60 бода, шест помалку од лидерот Баерн кој има меч помалку.
Штутгарт е 15-ти на табелата со 27 бода, поен повеќе од опасната зона.

Брант втор пат во кариерата постигнува два гола на меч во Бундес односно прв пат по февруари 2019 година.

ПРВИОТ ГОЛ НА БРАНТ

ВТОРИОТ ГОЛ НА БРАНТ

Брант погоди за историјата на Бундес лигата (видео)

 

 

ПретходноЕкс-играч на Атлетико осуден на затворска казна
СледноФутсал: Арбен Бајрами е освојувач на Купот на Македонија