Како што и се очекуваше, РК Бутел, клубот за кој настапуваше, сега веќе починатиот ракометар Денис Тот, се огласи на социјалните мрежи со цел да се прости од својот ракометар…
“Со длабока тага и неверување ја примивме веста за смртта на нашиот Денис Тот. Хрватскиот интернационалец кој имаше 27 години ја играше првата сезона во Бутел Скопје и беше голем професионалец на ракометниот терен и надвор од него. Го изразуваме нашето најдлабоко сочусвство до семејството и најблиските. Денис, почивај во мир, ќе те паметиме засекогаш!