Севиља успеа да ги освои бодовите во луд меч со Гранада (видео)

100

Екипата на Севиља успеа да ги освои трите бода на дуелот со Гранада во меч од 31. коло на шпанската Ла Лига. Севиља имаше серија од три ремија и еден пораз, а вечерва во луд меч со пресврти ја совлада Гранада со 4:2.
Мачис ја доведе Гранада во предност во 23. минута, а изедначи Диего Карлос во 32. минута. Лукас Окампос постигна гол во 68. минута, но изедначи Диаз во 88 минута. Се чинеше дека Севиља пак ќе остане без победа, но во 93 минута Рафа Мир погоди за ново водство на андалузискиот тим. Триумфот го потврди Папу Гомез со гол во десеттата минута од судиското продолжение.
Севиља е втора со 60 бода, девет помалку од лидерот Реал Мадрид кој има и меч помалку. Гранада е на 16. место.

ПретходноФутсал: Арбен Бајрами е освојувач на Купот на Македонија
СледноЊукасл победи после трите едноподруго порази (видео)