Следната недела истекува рокот за понуди за купување на Челзи, засега има четири кандидати

129

Сите заинтересирани купувачи на лондонски Челзи добија неколку дена продолжување на рокот за достава на новите понуди. Крајниот рок беше понеделник (11 април), но според „Скај њуз“, веднаш по поразот на лондончани од Реал Мадрид во вторникот, засегнатите страни биле информирани дека рокот е продолжен за уште некој ден.

Нејасно е дали тоа на некој начин е поврзано со лошиот резултат во Лигата на шампионите, кој ги сведува на минимум шансите на тимот да оди во полуфиналето.

За Челзи има четири кандидати за нови сопственици: конзорциумот предводен од американскиот милијардер Тод Боели, конзорциумот на Мартин Бротон и Себастијан Коу, семејството Рикетс, кое е сопственик на Чикаго Кабс и сопственикот на Бостон Селтикс, Стивен Палиука.

ПретходноОдбојкарската репрезентација ќе игра на Медитеранските Игри 2022 во Алжир
СледноМВР со соопштение: Тот е донесен во бессознание, и без траги на насилство