Познати се судиите за натпреварите од двете втори лиги од 22.коло кои се играат утре со почеток од 16 часот. На мечот Гостивар – Вардар судија ќе биде Влатко Илиоски од Прилеп. На истокот пак, на лидерот Слога Виница која гостува кај Братство, правдата ќе ја дели Фатмир Бавто од Охрид.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 22.КОЛО ВО ВМФЛ – ЗАПАД (САБОТА – 16 Ч)
Тетекс – Беса: Спире Арсов (Кочани)
Гостивар – Вардар: Влатко Илиоски (Прилеп)
Кадино – Воска: Фуркан Идризи (Тетово)
Велешта – Силекс: Кристијан Ѓуровски (Скопје)
Охрид – Кораби: Марјан Младеновски (Скопје)
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 22.КОЛО ВО ВМФЛ – ИСТОК (САБОТА – 16 Ч)
Саса – Пехчево: Дени Лековски (Битола)
Осогово – Беласица: Никола Иванов (Велес)
ТИМ Локомотива – Победа: Христијан Божиновски (Скопје)
Братство – Слога (В): Фатмир Бавто (Охрид)
Детонит – Кожуф: Крумислав Ѓорѓиев (Штип)