Тиквеш со триумф среде Охрид!

103

Кавадаречки Тиквеш со 26-28 (12-15) успеа да слави на гостувањето кај Охрид, и со тоа да ја запише својата прва победа во плеј – офот во нашата елитна лига.

Речиси во текот на целиот меч гостите водеа, имаа разлика, така беше и во првиот дел кој заврши со резултат 12-15.

Во второто полувреме домашниот Охрид тргна нешто поагресивно, посебно во одбраната, исто така и во нападот. Па тоа донесе и вистинска драма во финишот на средбата. Сепак, Тиквеш успеа да постигне гол за 26-28 и со тоа да го реши победникот во овој интересен натпревар.

Најефикасен кај победничкиот тим беше Гошевски со 6 голови, додека кај Охрид најдобар беше Ивановски со 5 голови.

 

ПретходноПетровиќ со МЗТ Скопје го победи “својот“ ФМП!
СледноНатпревар за МИР: Динамо Киев си “закажа“ пријателска со Борусија Дортмунд!