Тренер на Рома физички го нападнал тренерот на Бодо/Глимт!

167

На синоќешниот меч од Лигата на Конференции меѓу Бодо/Глимт и Рома, прв во 1/4 финалето, имало и трето полувреме. И тоа вистински инцидент пред соблекувалните, по завршување на натпреварот.

Имено како што денеска излегоа со изјави и соопштенија од редовите на клубот од Норвешка, кој славеше со 2:1, тренерот на голманите на Рома, Нуњо Сантос, физички го нападнал тренерот на домашните Кјетил Кнутсен. Поточно го давел просто кажано.

Интересно е тоа што ТВ снимките и фотографии од случката се во рацете на УЕФА, па секако дека и надлежните ќе имаат што да кажат за овој инцидент.

Од Бодо/Глимт велат дека се запрепастени од однесувањето на гостинската екипа.

ПретходноДа се знае кој е кој: Е. Пелистер без многу мака со “помалиот брат“! (ФОТО)
СледноСудии за ВМФЛ: На Вардар му суди Илиоски, Бавто ќе ја дели правдата на Виничани…