Њукасл победи после трите едноподруго порази (видео)

101

Со голот на Крис Вуд од пенал во 72. минута екипата на Њукасл го совлада Вулверхемптон со 1:0 во 32. коло на Премиер лигата. Напаѓачот постигна гол во 24. минута но беше поништен поради офсајд. Сепак, во второто полувреме погоди од белата точка откако судијата со помош на ВАР процени дека противничкиот играч Хозе Са направил прекршок во сопствениот шеснаесетник.
За новозеландскиот напаѓач Вуд ова е прв гол во дресот на Њукасл. Тој дојде во јануари од Барнли за 25 милиони фунти.
Њукасл ја запиша првата победа после трите едноподруго порази и моментално е на 14. место на табелата, додека Вулверхемптон со 13. пораз е на осмата позиција. Освен тоа Њукасл ја запиша првата победа на домашен терен над Вулверхемптон после пет неуспешни обиди.

ГОЛОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ

ПретходноСевиља успеа да ги освои бодовите во луд меч со Гранада (видео)
СледноБратот на Тот стави крај на шпекулациите: Денис почина од срцев удар