В недела со почеток од 17:30 часот во рамките од новото коло во Премиер лигата се игра големото дерби помеѓу Менчестер Сити и Ливерпул. Двата клуба се во тесна битка за титулата Сити е на само бод од ривалот но е засега прв.
„Очекувам добар натпревар. Ова често не се случува кога два големи тима ќе се соочат еден со друг. Но, нашите натпревари со Сити отсекогаш биле интересни за гледање, бидејќи и двата тима бараат победа, обидувајќи се да создаваат ситуации“, изјави Клоп па додаде дека што и да се случи на овој меч тоа е само уште еден во низата сезонава.
„Ако победиме ќе водиме со два бода, ништо нема да биде готово. Ако загубиме ќе заостанеме четири бода. Мислам дека Сити нема да мисли дека станува шампион доколку победи. Тоа е многу важен натпревар, со нетрпение го очекуваме. Ова е еден од најголемите предизвици во фудбалот. И да имаше десетина бодови разлика, сепак ќе беше одличен натпревар, но нешто ќе му недостигаше“ – изјави германецот, па поентираше.
„Ќе бидеме подготвени. Двата тима играа во вторникот, така што имаше доволно време за опоравување. Сити е добар во сите сегменти од играта. Тие навистина немаат слабости. Пеп е најдобриот тренер во светот и сите се согласуваме со тоа. Ако некој се сомнева во тоа, нема поим како тоа може да се случи“ – рече Клоп.
🗣 "Pep is the best coach in the world"
Klopp responds to Pep Guardiola "overthinking" before going into games 👇 pic.twitter.com/taXzAcL4v8
— Sky Sports News (@SkySportsNews) April 8, 2022