Вечерва женската репрезентација на Македонија на Арената Тодор Проески во Скопје, со почеток од 20:00 часот ќе го одигра седмиот натпревар од тековните квалификации против лидерот на табелата, репрезентацијата на Англија.
Нашите репрезентативки пред себе имаат и тоа како голем предизвик да му се спротивстават на еден од најсилните тимови во светот, и репрезентација која има 100% учинок во оваа кампања шест од шест и осумнаесет поени.
Од друга страна ние пак, имаме имаме три освоени бодови, а доколку вечерва останеме непоразени тоа ќе биде рамно на сензација.