Со оглед на тоа дека војната во Украина, по агресијата на Русија, сеуште трае, така и фудбалскиот шампионат во оваа напатена земја е прекинат. Сепак големите клубови ширум Европа сакаат колку толку да помогнат, па така Борусија Дортмунд и Динамо Киев ќе одиграат пријателски натпревар на 26 април на “Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд. Овој натпревар, како и сите останати кои Динамо треба да ги игра со познатите европски клубови се насловени како “Натпревари за мир“.
Инаку сиот приход од мечот во Дортмунд ќе оди кај оние лица кои се најпогодени од војната.