Нова глупост на Фетел: Земал скутер и возел по пистата на „Алберт Парк“ (ВИДЕО)

125

Стјуардите на Австралиското ГП во Ф1 ќе го испитаат однесувањето на германскиот возач на Астон Мартин, Себастијан Фетел, по првиот петочен тренинг на „Алберт Парк“ и ќе донесат одлука за евентуална казна.

Имено, болидот на Фетел застана на патеката поради проблеми со моторот, по што некогашниот светски шампион го изгледа остатокот од сесијата од страната на пистата. Потоа, Фетел земал нечиј скутер, се качил на него и тргнал да го вози по пистата, за да стигне до боксот. Стјуардите тврдат дека Фетел излегол на патеката без да добие дозвола од управата на трката.

Покрај Фетел, уште четворица возачи беа повикани кај стјуардите на испрашување.

ПретходноСе запалија рефлекторите на стадионот во Битола
СледноОдбојкарската репрезентација ќе игра на Медитеранските Игри 2022 во Алжир