Закажаниот меч од плеј-офот на македонската лига меѓу Вардар и Бутел кој беше планиран за во сабота е одложен. Причината е смртта на ракометарот на Бутел, Денис Тот која не само што го потресе клубот, туку и ракометната јавност. Двата клуба се договорија мечот да се одложи, а дополнително ќе го договорат терминот за одигрување на истиот.