Ракометарите на Алкалоид се уште еден чекор поблиску до плсман во Суперлигата на Македонија. Имено тие попладнево, успеаја да го “торпедират“ Работнички и тоа како гости со 45-22 (21-9). Во текот на целиот меч Алкалоид беше далеку подобар противник и успеа да слави заслужена победа, секако покажувајќи дека моментално е без конкуренција во Првата лига на Македонија, ова беше трета победа во плеј – офот.
Најдобар стрелец беше Мартин Серафимов со 10 голови, додека Михаил Ивановски постигна 7.