Родителите на претепаниот хрватски ракометар се на пат за Скопје, не знаат што се случило

1143

Хрватскиот ракометар Денис Тот (27) кој настапува за екипата на Бутел вчера бил претепан и се наоѓа на скопските клиники. Според информациите Тот има повеќе скршеници и бројни други повреди, најверојатно предизвикани откако бил претепан со тапи предмети, но и со тупаници, нозе, пренесуваат и хрватските медиуми.

Неговиот брат Борис кој игра во Холандија за хрватскиот весник „Вечерњи Лист“ ја потврди информацијата напоменувајќи дека родителите на ракометарот се на пат за Скопје, но се уште немаат премногу информации што точно се случило.

ПретходноХаланд е „фит“, утре ќе игра за Борусија (Д)
СледноЈокиќ го однесе Денвер директно во плеј-офот (ВИДЕО)