Струмица лесно ја мина Шкендија и закажа куп-финале со Вардар

105

Очекувано, екипата на Струмица ќе го брани трофејот во Купот на Македонија. Во второто полуфинале на Ф4 турнирот во Ковадарци, лидерот на табелата во домашниот шампионат не дозволи да загуби ниту сет во пресметката со Шкендија, и со убедлив триумф од 3:0 си закажа неделно финале со Вардар.

Струмичани одиграа максимално концентрирано во трите сета и во ниту еден момент не му дадоа шанса на противникот да се понадева на изненадување. Во првите два сета тетовци дојдоа до 18 освоени поени, а во третиот не ја минаа границата од 12.

Струмица во неделното финале ќе се обиде да дојде до осмата куп-титула во последната деценија.

КУП НА МАКЕДОНИЈА ПОЛУФИНАЛЕ:

Кавадарци, сала “Јасмин”

ШКЕНДИЈА- СТРУМИЦА 0:3 (18:25, 18:25, 12:25)

ШКЕНДИЈА: Јелашковиќ, Семи, Османи, Вела Г., Абази, Вела И., Зеновиќ, Хамза, Кадриу, Бафтијари, Андонов, Меденица

СТРУМИЦА: Грчев, Ричлиев, Михаилов, Бен Талеб, Наков, Меирелес, Милев В., Злобин, Милев Ј., Грковски, Маглешев, Трајков

ПретходноНатпревар за МИР: Динамо Киев си “закажа“ пријателска со Борусија Дортмунд!
СледноБен Арфа се испокара со тренерот, од клубот му спремаат отказ