И на истокот денеска се играат натпреварите од 22.коло. Претендентите за првите две места на табелата, имаат амбиции и во ова коло да дојдат до победа. Беласица гостува кај Осогово, се разбира дека посакува триумф во Кочани. Победа игра со ТИМ Локомотива исто на гости, а Слога (В) која е лидер му оди на Братство. Само Саса игра дома и тоа со Пехчево. Интересно, од првата Слога В па се до четвртата Саса разликата е само два бода. Каков ли финиш на сезоната ќе биде тоа.
На последниот меч од ова коло тимот на Детонит го пречекува Кожуф.
ДВОЈКИ ЗА 22.КОЛО ЗА ВМФЛ – ИСТОК (ДЕНЕСКА 16 Ч)
САСА – ПЕХЧЕВО
ОСОГОВО – БЕЛАСИЦА
ТИМ ЛОКОМОТИВА – ПОБЕДА
БРАТСТВО – СЛОГА (В)
ДЕТОНИТ – КОЖУФ
ТАБЕЛА
Слога (В) 45, Победа 44, Беласица 44, Саса 43, Осогово 27, Пехчево 26, Кожуф 26, Детонит 20, Братство 13, ТИМ Локомотива 6.
ФОТО: ФК Беласица ФБ