Обдукцијата вели насилна смрт: Тот сепак бил претепан

599

Нови детали околу смртта на ракометарот Денис Тот. Иако првично се констатираше дека сега веќе поранешниот ракометар на РК Бутел, Денис Тот починал од срцев удар, сепак, извештајот од судска медицина кој е подготвен утринава по детална анализа на телото на Тот, констатира насилна смрт, јавува Телма.

Изворот добил потврда и од обвинителството за ова, дополнувајќи дека веќе се приведени две лица, а третото е во бегство. Околу случајот се набавени и соодветни видео снимки од самиот настан како доказен материјал.  На истите може да се види дека сега починатиот и останатите учесници во тепачката биле во исто друштво во ноќен клуб во парк. Кога тргнале да си одат, се степале, по што Тот паднал во бесознание, а останатите си заминале.

Телото на младиот ракометар го видела една од вработените во дискотеката и веднаш повикала Брза помош.

 

ПретходноТухел: Не спијам поради мечот со Реал, го гледав мечот безброј пати
СледноНАД 17 МИЛИОНИ ДЕНАРИ КАЈ ИГРАЧИТЕ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА, БЛАГОДАРЕНИЕ НА СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР И МИНИ ЏЕКПОТ