ПСЖ го разнесе Клермон, Мбапе и Нејмар со по три гола, Меси со три асистенции (видео)

139

Пари Сен Жермен чекори кон нова титула во француската Лига 1. Вечерва во 31. коло запиша убедлива победа од 6:1 на гостувањето кај Клермон со што сега има 71 бод на чело на табелата односно 15 повеќе од второпласираниот Рен и третиот Марсеј кој патем има и меч помалку.
На полувреме парижаните имаа предност од 2:1, а до крајот му дадоа на противникот уште четири гола.
По три погодоци постигнаа Нејмар и Килијан Мбапе. Двајцата запишаа и по една асистенција. Лео Меси запиша три асистенции.

ПретходноРеал впиша нова победа, овојпат Бензема не беше во главна улога (видео)
СледноКиргиос дивееше во Хјустон: Заработи казнен поен, елиминиран e во полуфиналето (ВИДЕО)