Сон со хет-трик на „Вила парк“ донесе нови бодови за Тотенхем (видео)

93

Јужнокорејскиот напаѓач Сон Хеунг-Мин постигна три гола во победата на Тотенхем на гостувањето кај Астон Вила вечерва во Премиер лигата. „Спарс“ победија со 4:0, а освен Сон кој реализираше хет-трик, еден гол постигна и Дејан Кулушевски.
За Сон ова е трет хет-трик во дресот на Тотенхем.
Лондончани се на четвртото место на табелата со 57 бода, три повеќе од петтиот Арсенал кој има меч помалку. Астон Вила го запиша 17-тиот пораз сезонава, односно седми на домашен терен.

ПретходноСкопско куп-финале кај дамите
СледноХерта доживеа дебакл од градскиот ривал и „лета“ кон Втора лига