Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти призна дека не е сигурен дали ќе продолжи да го предводи Реал Мадрид следната сезона. За време на тековната сезона, „кралскиот клуб“ направи прогрес и се врати на врвот во шпанскиот фудбал, но иднината на Анчелоти се учте останува под знак прашалник.
„По завршувањето на сезоната клубот ќе ја оцени мојата работа и потоа ќе биде донесена одлука за мојата иднина. Се трудам да уживам секој ден“, изјави Анчелоти.
Шпанските медиуми во последните месеци зборуваа дека Анчелоти ќе добие отказ само доколку Реал Мадрид ја загуби титулата во Ла Лига.