Баерн се изнамачи со Аугсбург, Левандовски од пенал донесе три бода! (ВИДЕО)

50

Во меч од 29.коло во Бундеслигата, пред 75.000 гледачи на “Алианц Арената“ во Минхен, Баерн со многу мака успеа да го победи Аугсбург и тоа со 1:0. Голот беше постигнат во 82.минута, а стрелец беше Роберт Левандовски. Претходно ВАР – системот мораше да реагира, зошто судијата не виде игра со рака на еден гостинсми играч.

Со оваа победа “баварците“ се уште поблиску до нова титула во елитната лига на Германија.

Попладнево се играа уште три меча. Келн дома губеше со 0:2 од Мајнц, за да на крајот победи со 3:2. Менхенгладбах со 0:2 како гостин славеше против Гројтер Фурт, а Волфсбург со 4:0 ја „сомле“ Арминија Билефелд.

 

 

ПретходноСмешки е овој Мегваер: Негов соиграч играше со рака а тој бараше пенал за Јунајтед! (ВИДЕО)
СледноФил Фоден: Двете екипи се стремат кон титулата, но борбата не завршува со овој натпревар