Бетис го фрли Кадиз во очај

69

Тимот на Кадиз на отворањето на денешната програма во шпанска Примера, имаше императив на победа на домашен терен против Бетис. Кадиз сеуште нема обезбедено опстанок сезонава, и затоа секој бод е насушно потребен. И беа на добар пат домашните да победат денеска. Поведоа со 1:0 преку голот на Алехо во 58. минута, но противникот со „блиц крик“ од 78. до 84. минута го сврте резултатот и го остави домаќинот со празни раце. Стрелци Тељо и Иглесиас.

Па така Кадиз остана со своите досегашни 28. бодови, само два над опасната зона додека пак Бетис уште еднаш ја покажа својата одлична форма сезонава освојувајќи го 56. поен за петто место на табелата.

 

ПретходноЗа Чурлинов само десетина минути: Шалке победува и сега е лидер на табелата…
СледноМВР со потврда: Три лица го тепале починатиот ракометар Денис Тот!