Во Кавадарци битка за куп-финалето кај дамите

144

По вчерашните полуфинални дуели во машка конкуренција, денеска во салата „Јасмин“ во Кавадарци следуваат и полуфиналните пресметки во женското издание на Купот на Македонија.

Бранителот на титулата, Јанта волеј Кисела вода во првото полуфинале ќе се сретне со финалистот од 2019-та, Наковски волеј. Во вториот дуел лидерот на табелата во шампионатот и најдобриот во купот пред три години, Работнички ќе игра со Струмица жени.

Победниците од двата меча денеска, заедно со вчерашните победници Вардар и Струмица утре ќе ги одиграат двата финални меча на Ф4 турнирот.

Македонски одбојкарски куп (жени), полуфинале:

16.00 Јанта волеј Кисела вода – Наковски волеј

19.00 Струмица – Работнички

ПретходноИСТОК: Беласица по триумф во Кочани, Слога (В) и Победа посакуваат нови бодови…
СледноКако ќе изгледа новиот Манчестер Ј. под водство на тен Хаг?