Во супер интересен меч, полн со пресврти и напнат до самиот крај, кошаркарите на Гостивар како гости славеа против Кожув со 78-80 (29-22, 14-26, 18-20, 17-12). И тоа најмногу поради фактот дека ја добија убедливо втората четвртина од средбата и тоа со 14-26. Сепак малку недостогаше и тоа да биде малку ако се знае дека Кожув потоа заигра одлично, при што успеа да ја стигне разликата и мечот да влезе во голема неизвесност. Сепак на крајот гостиварци излегоа како победници од овој натпревар.
Да кажеме дека ова беше натпревар од 22.коло во нашата елитна кошаркарска лига. Ова беше прва победа на Гостивар по една серија од четири меча без победа.
Силаџи од тимот на Гостивар со 22 поени беше најефикасен на средбата, додека кај домашните Унрух постигна 19 поени.