Евертон со судбоносен триумф над Јунајтед (ВИДЕО)

101

Тимот на Евертон на творањето на денешното ново коло во Премиер лигата на домашен терен го совлада тимот на Манчестер Јунајтед со конечни 1:0 и на тој начин можеби ја забележа клучната победа за опстанок оваа сезона.

Домаќинот се избори за трите слато вредни три бода со голот на Гордон во 27. минута или пак поточно со автоголот на Мегваер. Ударот на Гордон го „закачи“ дефанзивецот на Јунајтед и одседна зад Де Геа за домашно водство.

Потоа Јунајтед имаше еден час време за да стигне барем до реми но не се случи ниту тоа. Лошата изведба на „Ѓаволите“ е само последица на се она што изминатиот период му се случува на клубот, кој очигледно е подготвен за сериозен ремонт, а не само за смена на менаџерот.

ПретходноНАД 17 МИЛИОНИ ДЕНАРИ КАЈ ИГРАЧИТЕ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА, БЛАГОДАРЕНИЕ НА СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР И МИНИ ЏЕКПОТ
СледноЗа Чурлинов само десетина минути: Шалке победува и сега е лидер на табелата…