Завршија сите пет средби од 22.коло во ВМФЛ – ЗАПАД. Воска иако беше голем фаворит, сепак со многу мака испеа да го победи Кадино на негов терен. Охриѓани губеа со 1:0, но сепак со головите на Трпески и Јакимовски во второто полувреме дојдоа до трите златни бода.
И Силекс успеа да победи како гостин, но во Велешта, и тоа со головите на Спиркоски и Манасиевски, домашните го ублажија поразот со голот на Каба.
Но Вардар не победи, туку загуби. Ова е нов кикс на вардарци и тоа во Гостивар каде одигра 2:1 и со тоа дефинитивно се чини се збогува со надежите дека може следната сезона да игра во Првата лига. Вардар водеше со 0:1 со голот на Демир, а во 45.минута домашните израмнија од пенал со голот на Демири, за да во 94.минута Адјини му донесе победа на Гостивар.
Тетекс и Беса одиграа без голови, додека Охрид со 2:1 го победи тимот на Кораби.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 22.КОЛО
ТЕТЕКС – БЕСА 0:0
ГОСТИВАР – ВАРДАР 2:1
КАДИНО – ВОСКА 1:2
ВЕЛЕШТА – СИЛЕКС 1:2
ОХРИД – КОРАБИ 2:1
ТАБЕЛА
Силекс 56, Воска 51, Вардар 43, Тетекс 35, Гостивар 29, Беса 26, Охрид 22, Кораби 20, Велешта 17, Кадино 6