Дарко Чурлинов одново не беше стартер во тимот на Шалке попладнево во мечот со Хајденхајм. Македонецот влезе во игра во 81.минута, и тоа кога беше решен победникот, во тие моменти беше 2:0 за тимот кој сега е лидер на табелата во 2.Бундеслига. На крајот мечот заврши со 3:0 за домашните, кои сега имаат 53 бодови и избија на првото место во оваа конкуренција по 29.коло со големи шанси да се врати во елитната германска лига.
Да кажеме дека Македонецот во последните секунди од средбата доби жолт картон, а според најавите од Германија, Чурлинов тешко дека ќе остане во тимот од Гелзенкирхен, изгледа дека ќе мора да се врати во Штутгарт, со тимот кој е под договор.