Како ќе изгледа новиот Манчестер Ј. под водство на тен Хаг?

485

Ерик Тен Хaг е се поблиску до Манчестер Јунајтед, а дури и сегашниот менаџер и иден советник Ралф Рагник го врза својот престој со доведување на Холанѓанецот кога соодветно го пофали.

Тен Хаг во договорот со раководството на Јунајтед поставил услови кои не се поврзани со пари туку со формирање на нов тим, без Погба, евентуално и без Роналдо, во кој ќе ги нема и Кавани и Лингард за кои е јасно дека си заминуваат. Во во составот кој ќе го гради холандскиот стратег ќе се врати Дони Ван де Бек. Медиумите веќе најавуваат дека на излезна врата од Јунајтед се и Мата, Матиќ и Фил Џонс.

Во врска со новите имиња кои би дошле ова лето, Тен Хаг размислувал за враќање на Марсијал и враќање на Брендон Вилијамс, кој е на позајмица во Норич. Списокот на засилувања, поточно желби на Тен Хаг веќе го има и управат на клубот. Деклан Рајс или Калвин Филипс како алтернатива во средината . Рубен Невес како алтернатива за Погба, а опција е и Џон Мекхејн од Астон Вила.

Опција во нападот е Данјума од Виљареал, само ако не успее идејата да се доведе Хари Кејн. Тен Хаг при преговорите потенцирал дека има намера да ги форсира младите домашни напаѓачи и да се посвети о создавање нов тим.

ПретходноВо Кавадарци битка за куп-финалето кај дамите
СледноАнчелоти: Не знам дали ќе останам во Реал и следната сезона