Македонската ракометна репрезентација ја делат два меча до пласман на ново Светско првенство, овој пат во Шведска и Полска следната година. На патот до овој Мундијал им стои добро познат противник, тимот на Чешка.
Кирил Лазаров денеска (18:30 часот) во хотелот „Александар Палас“ ќе прозива. На списокот на селекторот се најдоа 23 ракометари. Времето за подготовка е кратко, со оглед на тоа дека првата средба се игра во средба (13. април) во Злин со почеток во 20:15 часот, а репрезентацијата ќе биде комплетна во понеделник. Последни во стројот ќе се приклучат ракометарите кои настапуваат во Германија.
Двата дуели против Чешка треба да бидат последни за Лазаров и Миркуловски. Нашиот најдобар ракометар по завршување на сезоната треба да стави крај на својата кариера, а со тоа и повлекување од теренот и во националниот дрес после 21 година.
Миркуловски во репрезентацијата се врати со цел да помогне, тој во иднина ќе остане во стручниот штаб на Лазаров.
Реваншот меѓу Македонија и Чешка се игра на 17. април во СЦ „Борис Трајковски“, подобриот од овој браж двомеч ќе биде дел од СП 2013 година.