Леброн Џејмс им испрати порака на навивачите

301

Леброн Џејмс поради повреда на левиот скочен зглоб одлучи да стави крај на оваа сезона, објавија од ЛА Лејкерс, по што во јавноста се огласи и 37-годишниот кошаркар.

„Ви благодарам на сите. Би сакал оваа сезона да заврши на победнички начин. Давав се од себе кога бев на теренот. Се гледам наесен“, пиша Леброн на „Твитер“.

Лејкерси останаа без теоретски шанси да се пласираат во плеј-оф, одново во плеј-ин турнирот. Џејмс поведата ја влече од 27. март, во последните две недели одигра само една средба. Тој одлучи да не настапи на вчерашната средба против Оклахома и против Денвер во недела.

ПретходноШарл Леклер ќе стартува од пол-позиција во Мелбурн
СледноЗАПАД: Вардар на тешко гостување, Воска е пред лесни три во Кадино…