Лука Дончиќ заработи суспензија во нов одличен меч (ВИДЕО)

278

Лука Дончиќ ќе го пропушти последниот меч од регуларниот дел од сезоната во НБА-лига. Во триумфот на Портланд од 128-78, Словенецот блескаше, постигна 39 поени, 11 скока и седум асистенции.

Пред крајот на првата четвртина Дончиќ заработи техчничка грешка поради приговор кон судиите. Според него тој беше фаулиран, но истото мислење не го делера арбитрите на натпреварот. Во нивниот извештај стои дека бил казнет поради континуиран приговор кон судиите.

“Искрено не знам зошто добив техничка. Ги прашав судијата дали беше фаул, а тој ми даде техничка грешка. Не знам за што ја добив. Не е фер“, изјави Дончиќ по мечот.

Техничката грешка само по себе не е проблем, но за Дончиќ оваа сезона е 16-та и значи автоматски суспензија од еден натпревар. Може да го спаси само лигата доколку истата му ја поништи, што веќе еднаш се случи.

Далас на последниот дуел оваа сезона игра против Сан Антониот, истиот е важен. Маверикс го осигураа место во плеј-офот, но по оваа средба ќе биде познато од која позиција ќе тргне во плеј-офот, дали од третото или четвртото место. За трето место им е потребно победа над Спарси и пораз од Вориорс.

Резултати: Детроит – Милвоки 101-131, Вашингтон – Њујорк 92-114, Бруклин – Кливленд 118-107, Торонто – Хјустон 117-115, Чикаго – Кливленд 117=133, Мајами – Атланта 113-109, Далас – Портланд 128-78, Јута – Феникс 105-111, ЛА Лејкерс – Оклахома 120-101.

ПретходноБратот на Тот стави крај на шпекулациите: Денис почина од срцев удар
СледноНајголемо понижување во кариерата на Нејмар