Муричи го сопре Атлетико Мадрид

114

Со голот на Ведат Муричи, тимот на Мајорка предмалку обезбеди на домашен терен триумф против фаворитот Атлетико Мадрид со конечни 1:0.

Косовецот погоди на средината на второто полуреме од пенал, а потоа Атлетико не успеа да се врати резултатски во игра.

Ова за тимот на Мајорка е и тоа како важен триумф затоа што по серијата порази, доаѓа победа со која се излезе од опасната зона за испаѓање. Мајорка стигна до 28. бод сезонава, а Атлетико сега е четврти со ист број на бодови како и Барселона но и два меча одиграни повеќе.

ПретходноУбедлив Челзи, Брајтон го шокираше Арсенал… (ВИДЕО)
СледноВардар е ОШТЕТЕН, судиска лакрдија во Гостивар!