ПСЖ го „чести“ Мбапе со 180 милиони евра, само за да потпише нов договор!?

304

ПСЖ од „петни жили“ се обидува да го фати „последниот воз“ за нов договор со Килијан Мбапе. Како што соопштија неколку медиуми блиски до клубот, францускиот клуб е подготвен да му понуди на напаѓачот бонус за потпишување на нов договор кој ќе биде во висина од 150 милиони фунти (околу 180 милиони евра), само за да го убеди да го продолжи договорот за уште две сезони.

Претходно, ПСЖ му понуди на Килијан бонус од 125 милиони фунти, но сега е подготвен да го зголеми истиот и за уште 25 милиони фунти. Дополнително, парижаните се подготвени на Мбапе да му исплаќаат плата од 21 милион фунти (околу 25 милиони евра) годишно.

И покрај ваквата дарежлива понуда, Реал Мадрид останува најпосакуваната опција за Французинот да ја продолжи кариерата. Интересите на фудбалерот ги застапуваат неговите родители кои се уште имаат различни мислења за тоа што е најдобра опција за продолжување на кариерата на Килијан.

ПретходноАнчелоти: Не знам дали ќе останам во Реал и следната сезона
СледноЕвролигата го објави распоредот за плеј-офот