Се огласи Салах: Има работи кои луѓето не ги знаат!

192

Преговорите меѓу Мохамед Салас и Ливерпул за продолжување на договорот се во тек.

Во интервју за Скај Спортс, тој кратко зборуваше на оваа тема, но ништо не откри, само дополнително ги стави во мисла фановите на „црвените“.

„Постојат многу работи кои луѓето не ги знаат. Не можам да зборувам за мојата иднина пред мечот со Манчестер Сити, тоа би било многу необично“, изјави Салас.

Пред неколку дена англиските медиуми пишаа дека Салах ќе добие и ќе потпише доживотен договор, но според оваа изјави се чини дека можеби ќе има промени.

Договорот му истекува во 2023 година, а сега неговиот фокус е кон Сити, меч кој може да ја направи интересна битката за титулата во Англија.

Пред овој меч Сити има само бод предност, дуелот се игра во недела со почеток во 18:30 часот.

ПретходноНајголемо понижување во кариерата на Нејмар
СледноЖесток судир во квалификациите за Ф1, возачите полудеа (ВИДЕО)