Одбојкарките на Јанта Волеј КВ и Работнички ќе играат во големото финале од 29. издание на Купот на Македонија.
Во денешните полуфинални средби на завршниот турнир во Кавадарци, скопските состави беа подобри од двата струмички полуфиналисти. Во првиот полуфинален дуел, Јанта Волај КВ во четири сета беше подобар тим од Наковски Волеј, а во второто полуфинале, со истиот резултат, Работнички ја совлада екипата на Струмица.
Финалниот меч е на програмата утре од 16 часот во салата „Јасмин“ во Кавадарци.
КУП НА МАКЕДОНИЈА (Ж)
ПОЛУФИНАЛЕ:
Наковски В. – Јанта Волеј КВ 1:3 (21:25, 25:16, 18:25, 23:25)
Струмица – Работнички 1:3 (25:12, 16:25, 19:25, 17:25)