По најавите од Бразил дека после СП во Катар, тамошната Фудбалска конфедерација сака место Тите на тоа место да го види Пеп Гвардиола, сега се огласи и актуелниот селектор на „кариоките“…
“Не е тајна дека после Мундијалот јас нема веќе да бидам селектор на Бразил. До тогаш има уште многу време, но веќе кога ме прашувате за мојот наследник, односно за Гвардила, да кажам дека ние во Бразил имаме свои и тоа како квалитетни стручњаци. Дали преферирам некого? Не е мое да говорам за тоа, но, да“ посочи Тите.
Инаку интересно е тоа што тој самиот призна дека не ги гледа многу мечевите на Реал Мадрид, иако во тој тим играат барем петтмина петтмина репрезентативци…
“Искрено не го гледам многу Реал Мадрид. Имам контакти со тренерот Анчелоти. Еве ме прашувате за Каземиро, ако вие велите дека не е во форма тогаш јас ви верувам“ им обрати селекторот на Бразил на новинарите на “Марка“ за која даде големо интервју.
ФОТО: Twitter