АЕК Ларнака и Аполон одиграа 3:3 во меч од 27. коло во кипарскиот шампионат. Самиот меч имаше интересен тек, поведе Аполон, кој е лидер на табелата, а до крајот на првото полувреме АЕК го сврте резултатот. Иван Тричковски беше стрелец на голот за водство од 2:1 во 45. минута.
Во вториот дел Аполон со два гола на Дабо поведе со 2:3 и кога се чинеше дека гостите ќе ги освојат бодовите, АЕК спаси бод преку Густаво.
Аполон е лидер со 51 бод и има шест ремија по ред. Сепак огромната бодовна предност го остави на чело на табелата во плеј-офот за титулата. АЕК е на четвртото место со шанса и за второто место кое води во квалификации за ЛШ.