Фил Фоден: Двете екипи се стремат кон титулата, но борбата не завршува со овој натпревар

107

Главниот натпревар од ова коло во Премиер лигата се игра утре, кога МАнчестер Сити го пречекува Ливерпул на домашен терен од 17:30 часот. Двата тима се само на бод еден од друг на самиот врв на табелата, и тоа значи дека овој меч во голема мера може да влијае на тоа кој ќе го подигне пехарот на крајот од сезоната.

Фил Фоден е еден перјаниците на Сити во моментов. Младиот играч е незаменлив во средниот ред, а за утрешниот меч смета дека неговиот изход е само крај на еден меч од многуте до крајот.

“Два тима се борат за титулата во Премиер лигата, многу блиску се со бодовите. Ова е најголемиот натпревар и натпревар во кој сите играчи сакаат да играат. Мислам дека ќе има многу неутрални гледачи кои ќе го гледаат. Ќе биде одличен натпревар. Двата тима се стремат кон титулата, но борбата не е завршена со овој натпревар. Ќе има уште многу подеми и падови пред крајот на сезоната“ – , изјави Фоден за Sky Sports.

ПретходноБаерн се изнамачи со Аугсбург, Левандовски од пенал донесе три бода! (ВИДЕО)
СледноЗАПАД: Нова БЛАМАЖА на Вардар, Воска едвај со Кадино, победи и Силекс..