Денеска се одигра берлинското дерби, а Херта како домаќин се посрамоти од соседот Унион со тоа што доживеа пораз од 1:4. „Срцата“ се непрепознатливи сезонава, а проблемите во раководните структури и финансиите доведоа до тоа тимот да се најде во опасната зона и да стравува за опстанокот во германската елита.
Денешниот пораз е 17-ти за тимот кој е на претпоследната позиција со 26 освоени бодови. Добро е што и неговите конкуренти, Арминија која го држи местото за бараж за опстанок има исто бодови, а Штутгарт кој е во сигурната зона има 27 бода.
Интересно е да се каже дека Херта беше далеку понапреден од својот ривал Унион кој долго време играше и во Втората лига. Сега е обратно, Унион се разви, Херта тоне. Ова е трета победа по ред на Унион над Херта.
Херта прими дури 14 голови со глава оваа сезона, само последниот Гројтер има полош ефект. 18-годишниот Јулијан Ајтшбергер дебитираше за „сино-белите“ што е 35. различен играч сезонава во лигата.
Херта последен пат играше во второлигашки ранг во сезоната 2012/13.