Јуве со пресврт го победи Каљари и се зацврсти на четвртото место

88

Екипата на Јувентус славеше победа со 2:1 на гостувањето кај Каљари во меч од 32. коло на Серија А. Каљари прв дојде во водство со голот на Жоао Педро во 10. минута, а во 23. минута Рабио постигна гол за изедначување кој беше поништен. По ударот на Пелегрини топката го погоди Рабио и заврши во мрежата. Но од ВАР сигнализираа дека топката го погодила Рабио во раката и дека голот мора да се поништи.
Сепак „Старата дама“ стигна до изедначување пред крајот на првото полувреме, а стрелец беше Де Лихт. Каљари бранеше бод, но не успеа да се одбрани. Душан Влаховиќ во 75. минута на асистенција на Дибала го сврте резултатот и донесе три бода за торинската екипа.
Јуве со оваа победа дополнително се зацврсти на 4. позиција со 62 бода, сега има осум повеќе од Рома, а десет од Лацио со меч повеќе од римските ривали. Каљари е на 17. место.

ПретходноТите: Гвардиола селектор на Бразил? Имаме ние свои стручњаци…
СледноРеал впиша нова победа, овојпат Бензема не беше во главна улога (видео)